Во најновата листа на Condé Nast Traveller насловена „Европски градски одмори кои нема да ви го испразнат џебот“, Битола се најде во друштво на најповолните дестинации за семејни патувања.

Со просечна цена на хотелско сместување од само 31,32 евра по ноќ, Битола се издвојува како совршено место за семејства кои сакаат култура, историја и автентично доживување, без преголеми трошоци. Посетителите може да уживаат во прошетки по Широк Сокак, да го посетат античкиот Хераклеа Линкестис, или да се релаксираат во сенките на Пелистер.

На листата се најдоа и други градови како:

Загреб (Хрватска), со просечна цена од 145 евра по ноќ,

Варшава (Полска),

Сибиу (Романија),

Каљари (Италија),

Истанбул (Турција)

Куманово и други.

Целта на листата е да понуди алтернативи на поскапите и веќе „прегазени“ туристички мети, притоа нудејќи дестинации со автентична култура, добра храна, и прифатливи цени.

Линк