Битола, која во минатото беше расадник на воздухопловци поради долгогодишното  постоењето на аероклубот „Мирко Тодоровски“, денес остана само со еден падобранец со важечка дозвола. Николче Героски е единствениот ваков кадар во Битола, па и околината, може да се каже сѐ до Скопје каде има и други. Тој е еден од дваесетината падобранци во Македонија, намалениот број се должи на ограничените улови за обуки и слабиот интерес.

„Условите што се пружаат во локалните средини  се ограничени и  затоа отидов под капата на аероклубот во Скопје каде има регистрирана школа за падобранци. И интересот кај луѓето замре, зашто не е присутно падобранството низ дел од градовите. Нашите напори се такви да ги доведеме луѓето на терен за самите да искусат дека тое е еден спорт кој е доста примамлив, специфичен и атрактивен и многу далеку од небезбеден, бидејќи најголемиот страв кај луѓето е токму поради тоа. Но, денес имаме софистицирана опрема која не ја доведува во прашање безбедноста“, вели Героски.

Жанета Здравковска
Повеќе на

БИТОЛА ИМА МАЛКУ ПАДОБРАНЦИ, НО МНОГУ СЕ РОМАНТИЧНИ