Со силна волонтерска енергија и љубов кон природата, денес официјално започна еко-акцијата „75 садници за 75 години ЗОО Битола“. Засадени се првите триесет (30) дрвца во рамки на големиот јубилеј на институцијата, која годинава го одбележува својот 75-ти роденден.

Акцијата е симболично започната со порака:

„Ние започнавме – вие приклучете се!“, повикувајќи ги граѓаните, организациите и сите пријатели на ЗОО Битола да се вклучат во заедничката мисија за создавање позелена и поубава иднина.

Целта е во наредните денови да се засадат вкупно 75 садници, како знак на благодарност кон градот и природата, но и како инвестиција за генерациите што доаѓаат.

Среќен роденден, ЗОО Битола!

Да растеме заедно, да чуваме и да создаваме зелени вредности.