„Битола е мојата детска бајка“, емотивна порака од д-р Јадранка Бибан

од July 9, 2026 0 коментари

Д-р Јадранка Бибан преку емотивна објава ги сподели своите впечатоци од престојот во Битола, градот кој, како што вели, засекогаш останал нејзината „детска бајка“.

Повод за посетата бил концертот на ансамблот „Танец“ со гости од Хрватска, а наместо снимки и фотографии, таа одлучила да ги пренесе своите чувства и спомени.

„Битола и денес е посебна. Иако градот се променил, се градел и добил нов лик, Битолчани останале исти, дотерани, насмеани, дружељубиви и секогаш подготвени за поздрав и разговор“, пишува Бибан.

Особено ја воодушевила атмосферата на Широк Сокак, каде, според неа, сите генерации заедно го живеат градот, од најмалите кои трчаат по сладолед, до младите семејства и повозрасните кои со насмевка се поздравуваат.

„Битола сè уште е мојата детска бајка, единствена, неуништива убавина“, порачува д-р Јадранка Бибан.

Babam Bitola

Comments are closed.