Битола повторно ќе биде центарот на македонскиот младински ракомет! Кадетскиот тим на ќе ја брани шампионската титула пред домашната публика, откако клубот и градот Битола официјално ја добија организацијата на завршниот Ф4 турнир во кадетска конкуренција.

Завршниот турнир ќе се одигра на 24 мај 2026 година (недела) во салата „Боро Чурлевски“, која повторно ќе биде вистински храм на ракометот, овојпат исполнета со младинска енергија, талент и големи амбиции.
По извршеното извлекување, кадетите на Еурофарм Пелистер во полуфиналето повторно ќе се соочат со екипата на РК Мултиесенс, истиот ривал од минатогодишното полуфинале, но овојпат во улога на домаќини ќе бидат битолчани, кои пред својата публика ќе се обидат да обезбедат ново финале.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на РК Пролет и ГРК Охрид, во дуел кој исто така ветува неизвесност и квалитетен ракомет.
Распоредот на натпреварите е следен:
📅 24.05.2026 (Недела)
📍 СС „Боро Чурлевски“ – Битола
🕛 12:00 часот
РК Еурофарм Пелистер – РК Мултиесенс
🕑 14:00 часот
РК Пролет – ГРК Охрид
🥉 Натпревар за 3 место – 18:30 часот
🏆 Финале – 20:30 часот
Битола уште еднаш ќе има можност да покаже дека живее за ракомет, а младите ракометари да добијат силна поддршка од трибините. Се очекува вистинска спортска атмосфера и уште еден ракометен празник во градот на ракометот.
