Во самиот центар на Битола деновиве беше завршен новиот впечатлив мурал кој го одбележува тридецениското пријателство и врските меѓу двете земји. Делото е изработено од познатиот австралиски уметник Финтан Меги, чија препознатлива улична уметност и овојпат донесе силна визуелна порака и современ уметнички израз.
Муралот, кој веднаш стана нова атракција за битолчани и туристите, е реализиран со голема поддршка од Општина Битола, која континуирано вложува во унапредување на јавниот простор и промоција на културата.
Со ова дело, Битола добива уште еден симбол на долгогодишното пријателство и културните врски, но и современ уметнички белег кој го збогатува градскиот амбиент.
Фото Australian Embassy





