Повик од 04.11.1944г.
БИТОЛЧАНИ И БИТОЛЧАНКИ
Изминаја три и пол години од денот, кога го поробија македонскиот народ, трупите на подивелиот Хитлер и неговите слуги – бугарските фашистички окупатори.
Изминаја три и пол години на економско и политичко ропство, на масовна пљачка, затвори, мачења, концентрациони логори и најцрна средновековна тиранија над Македонија и на сè што е народно име на Балканот.
Уште една држава на европскиот континент требаше да биде претгзена за да може прочуениот фашизам да се фрли и на другите две останати големи демократски држави Англија и Америка.
Таа држава беше братска Русија. Со крвта на своите најдобри синови и со својата славна и непобедлива Црвена Армија ја зададе фаталната рана на фашистичкото ѕверство, што беше излегло од својата пештера во Германија за да ја проголта сета слобода и човештво во светот.
Покрај неа, во тешките години што ги оставивме зад нас, борејќи се удостојно со огнот и со самиот поробувач, се издигнаа и славните синови на Македонија, нашите херојски партизани, кои заедно со останатите народи на Југославија и под раководството на славниот маршал ТИТО, се бореа за ослободување на својата земја, за својата слобода и за братството со сите слободољубиви народи на светот.
Денес можеме со гордост и со полна радост во срцата да објавиме:
БИТОЛА – ГРАДОТ НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТЕФАН НАУМОВ Е СЛОБОДЕН!
Идеалот на нашите илинденци, борци од минатото и на нашите сегашни борци – славните партизани – е остварен!
На по големиот дел од македонската земја за првпат после толку долго ропство ѝ господари самиот македонски народ, и над Македонија се вее славното македонско знаме!
Битолчани и битолчанки,
Од овој ден зависи сè што расте на оваа земја.
Во име на тешката крвава жртва што ја положивме сите години на заробеништво, во име на жртвите на нашите борци, во името на сите страдања на нашите мајки и сестри, ние ќе ги чуваме плодовите на нашата победа.
Да живее слободна Македонија во федеративната и демократска Југославија!
Да живее врховната народно-ослободителна власт на Македонија – АСНОМ!
Да живее нашата НОВ (Народноослободителна војска) и П. О. (партизански одреди) на Македонија!
Да живее големиот водач на народите на Југославија – маршал ТИТО!
Смрт на фашизмот – слобода на народот!
Месен народно-ослободителен одбор
Битола, 4.11.1944 г.





