Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник, здружено и заедно со вас и фотографии од Битола и битолчани во минатото. Македонците никогаш немале навика да одат на болница, од едноставна причина поради која тогаш на времето и немало институции кои ја практикуваа оваа навика. Жената на фотографијата е родена во Битола (Монастир, старо име од турско) била да ја посети болницата на Црвениот Крст на САД во Битола, дури по неколку дена бидејќи имала неподнослива болка во ушите. Д-р. Еугени Флод Кејес и Д-р Мабел Флуд од вработените во Црвениот Крст и ја дадоа потребната помош. Жената беше со мала доза на сомнеж, но трпелива. Таа била облечена во народната носија на град Битола, додека граѓаните од другите градови во Македонија имале свои различни носии со светли бои. Во оваа амбуланта, секојдневно се лекувале по 150 лица.
Извор Црвен Крст на САД.