Хотел “Босна” на Широк Сокак

Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на конзулите и Тера ТВ, заедно со вас Ви ја преставуваме Битола како таа изгледала во минатото. Денес на сликата е хотел Босна кој не постои повеќе. Граден од големиот валија Абдул Керим Паша во 19 и почетокот на 20ти век. Во литературата и записите се среќава и како хотел Шар, Шарк и Ориент. Долниот спрат бил кафеана а горниот хотел. Познат бил по својот црвен салон, пердината и килимите. Негови газди биле од некои непознати луѓе од с.Маловишта, до браќата Перо и Ташку Чомо, па Никифор Јефтиќ, Горчу Куртовски и др. Изгоре во пожар далечната 1939 г. Комплетно рушен во 50тите за потребата на големи народни плоштади. Локација на сам Широк Сокак кај кружните клупи пред Домот на Културата.