Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и овај понеделник. После градењето на големите касарни во првата половина на 19 век Турската војска имаше потреба и од голема болница каде во секое време третман би имале над 30.000 војници кои беа сместени во Битола. За таа цел на четири локации во околината на Битола беа поставени јарина, кои беа обесени на кол и чувани со воена стража од страна на турски војници. Јарето поставено на локација кај месноста Стрчин, сегашен Студенски Дом последно се распадна и затоа таму и се изгради најголемата Турска болница. За време на Првата светска војна тука престојувала и познатата Сара Бернард која ги забавувала ранетите француски војници за нивно побрзо закрепнување…