Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно сите со понеделничката доза од Битола во минатото. Денес фотографија од реката Драгор. Драгор (поранешно име: Макофро) —  e река која тече низ Битола. Настанува од повеќе помали реки. Изворишниот дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Pека и Клисурица. Во текот на половината од ХIX век започнува нејзиното припитомување при што од страна на Османлиската власт и сите граѓани на Битола се градат големи кејови, каскади и мостови. За време на летниот период таа го намалуваше својот водостој и тоа го користеја неуморните домаќинки кои во него ги переа нивните алишта, дифтици и јамболии. Традиција која траеше до 70тите години од минатиот век и која згасна по загадувањето на реката од страна на новите индустриски капацитети, Кожарата и Трикотажата…