Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера Тв заедно со вас и Битола во минатото. На следната фотографија е Американската женска болница на Црвениот Крст во Битола. Се наоѓала непосредно до градскиот часовник.Била една од неколкуте згради во Битола кои не биле мета на страшните и непрекинати гранатирања и останала целосна послем Првата Светска Војна. Меѓу повредените кои се лекувале во неа имало и од двете страни. Германци и Бугари како и
Французи и Срби. Затоа можеби останала целосна и нечепнаат а покрај неа за време на бомбардирањата во WWI куртулила и Саат Кулата. Била позната по својата беспрекорна хигиена и во време кога владеел тифусот таа билa без ниту една мува!