Битола викендов домаќин на две државни првенства во пинг понг

од May 2, 2026 0 коментари

Овој викенд, на 2 и 3 мај, Битола ќе биде центар на младинскиот пинг понг во Македонија, каде во спортската сала при Основното училиште „Св. Климент Охридски“ ќе се одржат две државни првенства.Во сабота, на 2 мај, на програмата е Државното првенство за јуниори и јуниорки до 19 години, на кое ќе се натпреваруваат во поединечна конкуренција, двојки и мешани двојки. Ден подоцна, во недела на 3 мај, ќе се одржи Државното првенство за кадети и кадетки до 15 години, исто така во истите натпреварувачки категории.Натпреварите ќе започнат во 10 часот, а организатори на настанот се клубот домаќин, Пинг понг федерацијата на Македонија и Општина Битола.Љубителите на спортот ќе имаат можност одблизу да ги проследат најдобрите млади пинг понг играчи од државата, кои ќе се борат за титули во своите категории.Домашната екипа на ППК Пелагонија ќе настапи со вкупно осум натпреварувачи – три девојки и пет момчиња, со надеж за успешен настап пред домашната публика.Организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да дадат поддршка на младите таленти.

Babam Bitola

Comments are closed.