Во Бимилк вработените секогаш се ставени на прво место и се најголемата вредност на компанијата. Како дел од традицијата што се негува со години и е долгорочна политика на вреднување на човечкиот капитал и организациска култура заснована на стабилност, доверба и меѓусебна почит, Битолска млекарница и оваа година одржа церемонија во чест на вработените кои со својата долгогодишна работа оставиле значајна трага во развојот на компанијата.

На овој настан, во знак на признание и благодарност, компанијата традиционално ги награди сите свои вработени кои исполнуваат 10, 20 и 30 години континуиран стаж. По тој повод им беа доделени плакети и подароци на деветмина вработени кои годинава одбележуваат значајни јубилеи, еден вработен прослави неверојатни 30 години непрекинат работен однос, тројца вработени се наградени за 20 години стаж и пет вработени ја одбележаа десетгодишнината во Бимилк.

„Во време кога сè е брзо и променливо, вредноста на долгорочната посветеност добива уште поголемо значење. Бимилк е компанија каде најголема вредност се вработените, а инвестирањето во нив е наша долгорочна стратегија. Да се работи 10, 20 или 30 години во иста компанија денес е навистина реткост, но и доказ дека кога се вложува во луѓето, тие го враќаат тоа со уште поголема посветеност. Горди сме што сме опкружени со професионалци кои не се само вработени, туку вистински двигатели на компанијата и што имаме тим кој со години го гради и одржува квалитетот и имиџот на Бимилк. Овие признанија се мал гест на голема благодарност“, потенцираше генералниот директор Ѓорѓи Петрушев.

Во динамичното деловно окружување, Бимилк останува компанија посветена на највредна компонента – човечкиот капитал. Оваа традиција не е само формално одбележување на јубилејни годишнини, таа е симбол на континуитет, доверба и меѓусебно почитување.

Преку вакви активности, Бимилк испраќа порака дека успехот не се гради преку краткорочни цели, туку преку долгорочна визија, тимска работа и искрена грижа за секој член од колективот. И во тој контекст компанијата останува посветена на практики што ја поддржуваат мотивацијата, припадноста и развојот на вработените, признавајќи дека токму луѓето се двигателот на сите корпоративни резултати и иновации.