На третото издание Паљо Класик ’24 кое се одржа во саботата на 19.10.2024 г. во Центарот за Култура во Битола титулата апсолутен шампион и награда од 1400 евра ја доби претставникот од Косово господинот Грант Кулета,

додека скопјанката и светска шампионка Мери Акиевска членка на Магнус беше прва во Велнес категорија

Гостинката од Црна Гора и европската шампионка Магдалена Радониќ беше втора. Миа Тодоровска прва во Бикини категорија, Катерина Попева прва во Боди Фитнес. Дарио Трајковски беше прв Класик Физик.

Третата волшебна традиционална приказна Паљо Класик 2024 беше со одлична организација, сите се надминавме себеси со одлични натпреварувачи и топ навивачка атмосфера со прекрасни луѓе и повеќе од 500 посетители. Голема благодарност до спонзорите без кои немаше да постои оваа манифестација битна за градот кој на времето во Битола имаше најповеќе бодибилдери на жител во екс Југославија. Фала ти Господe илјадници пати ве сакам сите!…ни пренесе организаторот Зоран Лазаревски Паљо.

Како гостин позер зеде учество битолчанецот Божидар Пецаковски

Наградниот фонд на овогодинепното натпреварување на Паљо Класик ’24 изнесуваше 7000 евра.

Фото Ивона Кочов