Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваа зима обезбедуваат бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина за време на зимскиот распуст. Можноста важи како за учениците, така и за сите заинтересирани граѓани.

На 8 и 9 јануари (четврток и петок), битолчани бесплатно ќе можат да отпатуваат до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживаат во зимските убавини на планината.

Линијата број 1, на релација Битола – Нижеполе, поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, додека линијата број 2, на релација Битола – хотел „Молика“, поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето за двете линии е предвидено во 13:00 часот.

Со оваа мерка, Општина Битола продолжува да ги поддржува рекреативните активности и активниот престој на граѓаните во текот на зимскиот период.