Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. На 22 и 23 август, градот повторно ќе го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест.

Два дена, една улица и еден дрес-код.
Широк Сокак ќе блесне во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика.

Оваа година, Белата ноќ ѝ припаѓа на нашата музичка сцена – на гласовите и бендовите што ја носат емоцијата на градот и што ја полнат најубавата улица на Балканот со енергија и блискост.

Детална програма

Петок, 22 август – Детски хепенинг во бело

📍 Плато Офицерски дом | ⏰ Почеток 19:00
• Градинка „Естреја Овадија Мара“
• Маскоти: Мики, Мина, Спајдермен и Куче
• Expose Studio – танцов перформанс
• Бетмен и Спајдермен – „Мисија другарство“
• Детска театарска претстава – „Едусфера“
• Мими со југотo
• Unlimited Coders Academy
• „Цртање за Битола“ – инклузивен карактер
• ДЈ Милојевиќ
• „Ѕвончиња“ – детски хор
• „Поп Рокет“ – тинејџерски хор
• Дона & Friends
• Центар за германски јазик „Илиеви“

Сабота, 23 август – Концертна вечер

📍 Плоштад Магнолија | ⏰ Почеток 21:00
• DJ Тања
• Поп Рок Хор „Битвокс“
• Емоушн бенд
• Никола Зацески
• Тамара Стојковска
• Бојана Скeндеровски & Бенд
• Александра Јанева & Бенд
• Виктор Апостоловски

Белата ноќ е традиција, симбол на градот и празник што го обединува Битола.
Колку ја сакаме македонската музика, ќе провериме овој викенд на Широк Сокак во бело.