Доста интересен е и просторот кај Безистенот и околу него. Имено, при адаптацијата на безистенот пред околу 25 години истражуваше
екипа на Заводот и музеј од Битола. Од фотодокументацијата јасно се гледа дека Безистенот бил изграден над остатоци од некоја монументална градба.
Резултатите од овие истражувања не се публикувани.
На остатоци од монументална градба се наиде и при пробивањето на улицата Иван Милутиновиќ а исто така и при изградбата на градбите околу безистенот. Се наметнува прашањето дали се тоа остатоци од тврдината на Битола (да се потсетиме дека во непосредна близина е пронајдена познатата Битолска плоча секундарно вградена во Ески џамија или тоа се можеби остатоци од, во историските извори често споменуваниот манастир, по којшто во турскиот период градот го доби и своето ново име Манастир. Дилемите се тука и треба со археолошки зафати да се разрешат.
Битола низ вековите V





