Во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ со гордост го споделува краткометражниот филм кој ја претставува нивната заедничка мисија исполнета со посветеност, љубов и професионалност. Филмот ја раскажува приказната за тимската работа и силата на инклузијата низ сите оддели во училиштето, каде заеднички се создаваат бескрајни можности и се слави различноста.

Во овој процес, велат од училиштето, има безброј срца и една заедничка визија – да се поддржат сите деца да растат, учат и блескаат. Инклузијата, додаваат, не е само цел, туку пат и должност, а секој нов ден е нова шанса за создавање поинклузивен свет.

Од „Кочо Рацин“ истакнуваат дека се горди што се дел од една од водечките и најстари институции во земјата – дом на знаење, благосостојба и љубов за сите. Со децении, училиштето останува место каде секое дете има простор да биде најдобрата верзија од себе.

Основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – традиција, посветеност и поддршка за секое дете.