На старата фотографија: Планинарскиот дом „Бегова Чешма“, изграден во 1938 год., за само ДВА месеци. Домот бил изграден од градските власти со помош на просрпски ориентирани битолски стопанственици за потребите на планинарското друштво „Југ“. (Во „Југ“ членувале припадници на власта, општински и полициски службеници и граѓани на Битола кои го поддрувале режимот, додека во планинарското друштво „Пелагонија“, подоцна „Пелистер“, членувале граѓани со издигната македонска свест).
Во 90-тие години од минатиот век, планинарскиот дом „Бегова Чешма“ бил демолиран и врз него е изграден хотелот „Молика“. Од домот „Бегова Чешма“ зачувани се делови од камените ѕидови кои го красат ресторанот на хотелот „Молика“. Хотелот бил пуштен во употреба во 1994 год. и своевремено бил единствениот хотел во националниот парк „Пелистер“.

Извор Битола некогаш и сега