Бар Општина заедно со Book’s house организираат хуманитарен настан за паралелки каде учат лица со попреченост

од • September 20, 2023 • 0 коментари

Сабота, 23/09 во 19 часот Бар Општина заедно со Book’s house, од се срце Ве покануваме на овој настан од хуманитарен карактер.

Донација ќе се извршува со купување на книга од познати македонски автори како Блаже Конески, а собраните средства ќе бидат донирани на паралелките на СОЕУ ‚‚Таки Даскало” во кои учат лица со попреченост.

Книгите ќе се продаваат по поволни цени, а покрај тоа гостите ќе имаат прилика да си купат и уникатни рачно изработени предмети.

Додека пак, за забавниот дел ќе се погрижи Сара Петровска со нејзиниот прекрасен вокал, проратена со звуците на пијаното на Дејан Трајковски.

Babam Bitola

Comments are closed.