Во духот на божиќните празници, Бар Општина викендов беше исполнет со музика, смеа и позитивна енергија, нудејќи им на посетителите посебно празнично доживување. Распеани и разиграни гости, во топол и свечен амбиент, ја исполнија зелената оаза и создадоа атмосфера каква што се памети.

Празничната вечер беше заокружена со настапот на Н.А.Л.А Бенд , кој со својот музички израз внесе дополнителна динамика и празничен дух, правејќи ја божиќната програма уште повпечатлива. Публиката уживаше во дружењето, добрата музика и чувството на заедништво кое е симбол на празниците.

Од Бар Општина посочуваат дека токму енергијата и присуството на посетителите му даваат душа на просторот и го прават препознатливо место за урбани случувања и празнични настани.










