Барокна музика во ново светло: Камерниот оркестар на Битола со концерт во Офицерскиот дом

од • November 3, 2026 • 0 коментари

Љубителите на класичната музика во Битола на 5 ноември ќе имаат можност да уживаат во уште една музичка вечер во организација на НУ Камерен оркестар на Битола, кој го најавува концертот под наслов „Барокна музика во ново светло“.

На програмата ќе бидат изведени дела од големите композитори Јохан Себастијан Бах, Антонио Вивалди, Хајнрих Игнац Франц Бибер, Антонио Бертали и Жан-Филип Рамо, чие творештво оставило длабока трага во историјата на европската музика.

Под диригентската палка на Виктор Митревски, публиката ќе има можност да го доживее богатството на барокната музика преку камерното музицирање, со посебен акцент на виолината.

Како солисти ќе настапат виолинистите Марко Поп Ристов и Симон Поповски, кои ќе придонесат за музичкото доживување на вечерта.

Концертот ќе се одржи во четврток, 5 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во КИЦ – Офицерски дом во Битола.

Цената на влезницата изнесува 300 денари, а билетите се достапни на билетарницата на КИЦ – Офицерски дом.

Со овој концерт, НУ Камерен оркестар на Битола продолжува да ја збогатува културната понуда на градот, доближувајќи ги ремек-делата на класичната музика до битолската публика.

Babam Bitola

Comments are closed.