БАЛКАНСКИОТ КУП „БИТОЛА 2026“ ПО 30. ПАТ НА СТРЕЖЕВО

од August 23, 2026 0 коментари

На Стрежевското Езеро денес се одржува јубилејното 30. издание на Балканскиот куп „Битола 2026“ во спортски риболов, еден од најтрадиционалните риболовни натпревари во регионот.

Традиционалниот натпревар го организира ЗРРЕСК „Црна Река 1929“ – Битола, со поддршка на ЈП „Стрежево“ – Битола.

Јубилејното издание уште еднаш ја продолжува тридецениската традиција на спортскиот риболов на Стрежевската акумулација и го потврдува значењето на овој спортски настан за Битола и регионот.

Балканскиот куп низ годините прерасна во препознатлива спортска манифестација која ги обединува риболовците преку натпреварувањето, дружењето и почитувањето на спортскиот дух.

Babam Bitola

Comments are closed.