Болница „Плодност“ го одбележа Бадник со исклучително радосен и симболичен настан – раѓањето на 14 новороденчиња во текот на празничното дежурство. Новите животи, родени на еден од најзначајните христијански празници, донесоа посебна топлина и надеж во болничките одделенија.

Меѓу новороденчињата е и малата Јоана, чие раѓање на Бадниковото утро ја заокружи празничната атмосфера со уште поголема радост. Медицинскиот тим на Болница „Плодност“, и покрај празничниот ден, со целосна посветеност и професионалност се грижеше за безбедно породување и здрав почеток на животот за сите бебиња.

Од Болница „Плодност“ упатуваат честитки по повод Бадник, со порака дека секое новороденче е симбол на надеж, љубов и нов почеток, а бројката од 14 нови животи е најубавиот празничен подарок за семејствата и за заедницата.