Со детска насмевка, светлина и празнична возбуда, нашите дечиња ги покануваат сите граѓани да бидат дел од традиционалната Бадникова поворка, која ќе се одржи на 06 јануари 2026 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, на плоштадот „Магнолија“.
Настанот, кој со години претставува симбол на заедништво, вера и празнична радост, е отворен за сите и не бара претходно пријавување. Потребно е присутните да дојдат еден час порано, каде што ќе има можност да земат Бадникова ѕвезда, како знак на светлината и надежта што го најавуваат Христовото раѓање.
Организаторите порачуваат дека целта на поворката е да се негуваат духовните и културните вредности, како и да се создаде топла празнична атмосфера исполнета со детска искреност и радост.
Граѓаните се поканети заеднички да ја споделат магијата на Бадник и да испратат порака на мир, љубов и заедништво од срцето на градот.





