Македонските атлетичари Димитар Петковски и Адриана Поп Арсова се на Светското првенство во Јапонија • најголемата атлетска сцена. Меѓу најдобрите во светот, тие испраќаат порака од далеку: во мислите им е секогаш „Трчај бе“ и Битола.

„За нас оваа трка не е само спортски настан. Тоа е град, тоа е народ што излегува по улиците, тоа е чувство дека трчаш дома и сите трчаат со тебе. Битола знае да даде поддршка каква што нема никаде,“ велат нашите атлетичари.

И додека во Јапонија се трча за медали, во Битола се трча и за медали, но и за нешто што е подлабоко…за љубов кон градот Битола, кон спортот кој овој град го сака, се трча за гордост и за заедништво. „Трчај бе“ одамна ја надмина рамката на обична трка и стана културен феномен кој ја носи истата енергија како најголемите светски арени.

Утре, на 14 септември, токму во Битола, ќе оживее седмото издание на Трчај бе – трка што негува традиција, инспирира генерации и ја става Битола на светската мапа на спортот и културата.

Од Јапонија до Битола – енергијата е иста.
Се гледаме на стартот 🏁