Во бројки кажано, 136 објекти во Битола се ставени под заштита на државата, а нивната состојба е сѐ поочајна. За нив сѐ помалку се грижат приватните сопственици, а рака не подава ни државата.

Битолчани од секогаш велат дека привилегија е да се има куќа и дуќан на Широк Сокак, а уште повеќе да се живееш во срцето на градот.

Но, за жал, прошетката низ Битола, особено по корзото и крај старите архитектонски бисери, вознемирува и разочарува, оти како поминуваат годините, објектите сѐ повеќе, а впечатокот е дека работите се оставени на стихијата.

Дел од куќите заштитени со закон се на државата, но повеќето се во приватна сопственост. Но, на прсти се бројат сопствениците кои вложуваат во обнова и одржување на објектите прогласени за културно наследство.

Она што најмногу боди очи, како канцерогено ткиво, е објектот на киното „Македонија“, за чие реновирање се чека повеќе од две и пол децении. Грдотијата и руината се покриваат со рекламни плакати.

Извор и повеќе на АПЛА.МК