Археолози од Македонија и од Италија од август заеднички работат на утврдувањето на точниот период од кога датира новото археолошко откритие на локацијата на улица Партизанска во Нова Битола, кое според првичните наоди преставува најстаро наоѓалиште на Балканот. Според првичните сознанија на професорот по археологија Трајче Спасенов наоѓалиштето датира од старо камено доба, кога пред 300 илјади до 40 илјади години пред нашата ера на овој простор живееле неандерталци.

Со оглед на големата важност на овај нов локалитет, македонските археолози најавуваат систематски истражувања заедно со колегите од Италија во првата половина од 2021 г. и истовремено бараат од Министерството за култура оваа локација да се стави под привремена заштита на културното наследство. Со тоа во прашање се доведува изградбата на улицата каде што се простира новото археолошко наоѓалиште, за што веќе се извршени неопходните експропријации и други технички формалности.

„Со истражувањата што досега се направени откривме дека овој археолошкиот локалитет е единствен во нашата држава, но и пошироко. Претставува еден вид палеолитска станица од отворен тип. Локалитетот е на површина од еден квадратен километар каде се пронајдени орудија што неадраталците ги користеле за сечење месо од уловените животни, прибор за јадење чкембе чорба и скелет со димензии од 12 метри “, вели д-р Спасенов.

Според него, тоа биле мобилни групи ловци-собирачи кои се движеле во зависност од движењата на стадата, додека за скелетот се претпоставува дека е од Тираносаурус кој најверојарно бил дресиран од неардерталците за трагање и лоцирање на дивечот.


Текстот е од рубриката Лабаво и е измислен само за забава, инспириран според вистинита случка и приказна која неколку месеци ја доживуваат граѓаните кои живеат во овај дел.