,,АРАБЕЛ, ШАМПИОНЕ НАШ!“ – ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА ОД ТРЕНЕРОТ ЈОВЕ ПЕТРОВСКИ – ОЦО

од • October 13, 2026 • 0 коментари

Освојувањето на бронзениот медал на Арабел донесе голема радост и гордост во Битола, а меѓу оние кои јавно му честитаа е и тренерот Јове Петровски – Оцо од Боксерскиот клуб „Пелистерски Јунак“.

Со искрени и емотивни зборови, Петровски му оддаде признание на младиот боксер за постигнатиот успех.

„Арабел, шампионе наш! Медалот околу твојот врат е доказ за тоа колку вредиш. Битола и Македонија се бескрајно горди. Честитки, бато, секоја чест!“, напиша Јове Петровски – Оцо.

Неговата порака е уште едно признание за трудот, посветеноста и спортскиот успех на Арабел, кој со бронзениот медал донесе нов повод за гордост на битолскиот бокс.

Babam Bitola

Comments are closed.