Арабел Рустемовски со победа на Европското јуниорско првенство – следен предизвик полуфинале!

од July 11, 2025 0 коментари

Битолчанецот Арабел Рустемовски, член на БК Пелистерски Јунак, ја забележа првата и единствена победа за македонската репрезентација на Европското јуниорско првенство во бокс што се одржува во Нови Пазар, Србија.

Рустемовски беше доминантен против силниот ривал од Русија, Денис Красиук, кого го совлада со убедливи 5:0.

Следната борба на младиот битолски боксер е закажана за 12 јули, кога ќе се сретне со српскиот репрезентативец Теодор Јосијевиќ. Со нова победа, Арабел ќе обезбеди место во полуфиналето и најмалку бронзен медал.

Честитки за Арабел – гордост за Битола и македонскиот бокс!

Babam Bitola

Comments are closed.