Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола успешно ја заврши својата турнеја во Велика Горица, Хрватска, каде на Меѓународниот фестивал освои две значајни награди – за најдобар сценски настап и за најдобро кореографско изведување. Покрај овие признанија, ансамблот доби и официјално признание за учество на фестивалот.

Турнејата беше исклучително успешна, а ансамблот се истакна и како единствен учесник кој доби покана да гостува во утринската програма на Хрватската радиотелевизија (HRT), каде се претстави во најдобро светло.

По настапите во Велика Горица, ансамблот продолжува кон Осијек, каде ќе одржи 50-минутен сценски настап, а завршницата на оваа богата и значајна турнеја ќе биде во Охрид, со учество на Меѓународниот Балкански Фестивал.