Советот на Општина Битола ја усвои иницијативата англиското издание на книгата „Bitola Through Old Postcards“, авторско дело на Димче Најдов, да стане официјален протоколарен подарок за гостите и делегациите кои ја посетуваат Општина Битола.

Книгата, која авторот ја донира на Општината, преку автентични стари разгледници ја раскажува богатата историја, архитектура и културно наследство на Битола, претставувајќи го градот на начин разбирлив и достапен за странските посетители.
Со оваа одлука, Битола добива достоен и траен подарок со кој ќе се промовираат традицијата, убавината и духот на градот пред домашните и меѓународните гости.
Овој гест претставува значаен придонес на авторот Димче Најдов во зачувувањето и меѓународната промоција на битолското културно наследство.
