Народната носија не е само облека.
Таа е визуелен запис на едно време, една заедница и еден светоглед.
Секоја боја, секој вез, секој слој на ткаенина има свое значење и пренесува порака: за потеклото, статусот, верата, улогата на жената или мажот во семејството и заедницата.

Во рамки на 55. Илинденски денови, КУД „Илинден“ – Битола го претставува проектот АМАНЕТ – ревија на народни носии од сопствената колекција на КУД “Илинден”, по повод 70 години од основањето на друштвото.

📍 20 јули 2025 (недела), 21:00 | НУ Завод и музеј – Битола (пацио)

Преку 30 носии – од различни етнографски предели и социјални средини – ќе биде претставена разноликоста на македонското културно наследство, со посебен фокус на женската носија. Само три машки носии се дел од селекцијата – што дополнително го нагласува женскиот глас и израз низ материјалната култура.

Носиите не се прикажани како мода, туку како етнографски кодови – со уметнички пристап, што дозволува гледачот да ја почувствува нивната тежина, смисла и континуитет.

Некои работи не се чуваат во сандак.
Се чуваат во срце.
Во игла и конец.
Во вез кој кажува кој си, од каде си – и што носиш со себе.
Како аманет ❤️