Алушовски поднесе оставка, Лембанов ќе го води Пелистер до крајот на сезоната

од April 22, 2026 0 коментари

РК Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на првиот тим Стевче Алушовски поднел оставка од својата функција.

Раководството на клубот ја прифатило оставката и упати благодарност до Алушовски за неговиот професионален ангажман и придонес во работењето со екипата.

Од клубот соопштија дека до крајот на тековната сезона, тимот ќе го предводи досегашниот асистент Алексо Лембанов, кој ќе има задача да ја стабилизира играта и да го извлече максимумот од составот во завршницата од натпреварувачката година.

Еурофарм Пелистер влегува во клучен период од сезоната, каде секој натпревар ќе има големо значење за конечниот пласман.

Babam Bitola

Comments are closed.