АЛЕН РУСТЕМОВСКИ СО СТАТУС „СПОРТИСТ ОД СВЕТСКА КАТЕГОРИЈА“ ПО ЕВРОПСКАТА БРОНЗА

од • October 5, 2026 • 0 коментари

Македонскиот боксер Ален Рустемовски, по големиот успех и освоениот бронзен медал на Европското првенство во Софија, се стекна со статус „Спортист од светска категорија“, што му носи и конкретна државна поддршка.

Рустемовски со три победи стигна до европскиот пиедестал и по речиси две децении повторно ѝ донесе на Македонија медал од едно Европско првенство во бокс.

Успехот добива уште поголема тежина ако се земе предвид дека ова е негов втор голем медал за неполн месец, по бронзата освоена на Медитеранските игри во Таранто.

Минатата година Рустемовски беше прогласен и за најдобар млад спортист, а со најновите резултати продолжува да го потврдува својот квалитет на меѓународната боксерска сцена.

🥉 Софија – европска бронза.

🥉 Таранто – медитеранска бронза.

🥊 Ален Рустемовски – име од кое македонскиот бокс очекува уште многу!

Babam Bitola

Comments are closed.