Боксерот Ален Рустемовски, роден и воспитан во Битола, е прогласен за најдобар спортист на Република Македонија за 2025 година, признание што доаѓа како круна на неговите извонредни резултати и посветеност во боксот.
На свечената манифестација „Спортисти на годината 2025“, организирана од Министерството за спорт и Сојузот на спортови на Македонија, Рустемовски беше избран за најуспешен спортист меѓу силна конкуренција од најдобрите македонски атлетичари.
Честитки Ален
Фото насловна Гол.мк





