На свечената манифестација „Избор на спортист на годината 2025“, во организација на Општинскиот сојуз на спортови – Битола, меѓу наградените се најде и Ален Рустемовски, кој доби официјална диплома за своите спортски достигнувања во текот на изминатата година.

Признанието претставува потврда за неговата континуирана работа, дисциплина и резултати остварени во 2025 година.

На сцената, покрај Рустемовски, беше и Петровски Јове – Оцо, како негова поддршка и дел од тимот кој стои зад спортскиот развој и успесите и кој испрати кратка, но силна порака:

„Верувај во себе, Направи ШАМПИОН!“

Манифестацијата традиционално ги истакнува најуспешните спортисти, тренери и спортски колективи од градот, а годинашното издание уште еднаш покажа дека Битола продолжува да создава врвни спортски имиња.