АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ДЕНЕС ГО ЗАПОЧНУВА НАСТАПОТ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ ВО ТАРАНТО

од August 22, 2026 0 коментари

Македонскиот репрезентативец и боксер на БК „Пелистерски Јунак“ – Битола, Ален Рустемовски, денес го започнува својот настап на XX Медитерански игри, Таранто 2026.

Рустемовски во осминафиналето во категоријата до 60 килограми за противник ќе го има репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Михајло Ѓекиќ.

Двајцата боксери веќе имаат меѓусебен дуел. На Балканското првенство во 2024 година, Ален славеше победа над Ѓекиќ со прекин во втората рунда.

Боксерските натпревари на Медитеранските игри се одржуваат во San Giorgio Jonico, а денешната машка програма е предвидена во вечерниот термин.

За Ален ова е нов голем предизвик на меѓународната сцена и можност за уште еден значаен резултат во дресот на македонската репрезентација.

Ален Рустемовски 🇲🇰 – Михајло Ѓекиќ 🇧🇦

Со среќа, Ален! За Македонија!

Babam Bitola

Comments are closed.