Битолчанецот Ален Рустемовски со одлична и доминантна борба го победи Ерменецот Артрур Аветикјан и се пласира во финалето на Европското првенство за млади сениори до 23 години во Ереван.
Рустемовски славеше со едногласна одлука на судиите, контролирајќи ја борбата во сите три рунди со прецизни удари и одлична одбрана.
Неговиот брат Адријан Рустемовски ја заврши својата настап со бронзен медал, откако загуби во полуфиналето од Русинот Хамзат Матиев, но покажа одлична форма и борбен дух.





