Алем Хаџиќ се раздели со Еурофарм Пелистер

од July 15, 2026 0 коментари

Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е член на Еурофарм Пелистер, откако клубот и играчот постигнаа договор за предвремен спогодбен раскин на соработката.

Хаџиќ во Битола пристигна во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот Коњух. Во изминатите три сезони беше еден од носителите на младинскиот состав на Еурофарм Пелистер, кој испиша историја со пласманот на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони, каде што босанскиот репрезентативец беше и најдобар стрелец.

На само 17 години дебитираше и за сениорскиот тим во Лигата на шампионите, при што се запиша и меѓу стрелците. Со битолскиот клуб освои три последователни шампионски титули во Македонија (2023, 2024 и 2025).

Од Еурофарм Пелистер му се заблагодарија за придонесот и му посакаа многу успех во продолжението на неговата кариера.

Babam Bitola

Comments are closed.