Од осветлените води во Св.Недела, Битола светиот крст го извади Александар Талевски од Долно Оризари. Нека светата вода на овај свет празник Водици ги исчисти сите ваши грижи и тешкотии, носејќи во вашиот живот повеќе здравје, радост и среќа. Нека светлината на Господ се рашири низ вашиот дом, исполнувајќи го со љубов, хармонија и благодет. Со љубов во срцето и верба во душата, нека секој ден нареден биде благословен и полн со убавини. Честит празник Водици на вас и на вашите најблиски!