Александар Стерјовски е роден во Битола на 14 април 1933 година, како прво дете во семејството Стерјовски. Татко му е Ѓорѓи, а мајка му Зоја. Основното образование го завршил во училиштето „Кирил и Методиј“, а потоа продолжил во тригодишната Нижа гимназија во денешната Гимназија „Јосип Броз Тито“, која тогаш го носела името „Гоце Делчев“.

Во 1954 година, како студент, Стерјовски е фотографиран пред студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, што сведочи за неговите рани студентски денови и вклученоста во академскиот живот.

Во 1958 година, во Скопје, го завршува високото образование на Филозофскиот факултет, на групата книжевност. Негови професори биле истакнатите академици Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Димитар Митрев, Димитар Левков и други. Во истиот период, на јавен конкурс за млади новинари во тогашното Радио Скопје, добива редовна, но хонорарна работа.

И покрај тоа што новинарството го привлекло и му отворило професионален пат, Стерјовски одлучува да ги заврши студиите и да не продолжи како новинар. Наместо тоа, се определува за наставничка дејност и истражувачка работа, посветувајќи се на теми од историјата на книжевноста и литературниот фолклор.

Во учебната 1958/1959 година започнува со работа како професор во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Во 1959 година го отслужува воениот рок во Приштина. Во тој период се наоѓа во историски чувствителен момент, кога на Газиместан водникот Стерјовски говори за Првата косовска битка.

1960. – назначен е за професор по македонски јазик во Земјоделското училиште
„Борис Кидрич”- Битола.
1966. – објавува неколку скрипти: Основи на теоријата на книжевноста со примери“, „Примери од литература (за трети клас)“, Прирачник за литература
за втори клас” и „Современа книжевност”.
1968. – иницијатор и уредник е на монографијата на земјоделското училиште „Борис Кидрич“ – Битола со наслов „60 години Земјоделско образование:
1908-1968°, во издание на земјоделското училиште „Борис Кидрич” Битола.
1964 г. стапува во брак со Вера Мирчевска со која го има синот Гого.
Извадок од Александар Стерјовски -Персонална библиографија – НУУБ св. Климент Охридски Битола, голема благодарност до директорката м-р Емилија Стефановска Давкова





