Австралискиот борец со битолски корени и почесниот прекар „The Great“, Александар Волкановски, уште еднаш ја потврди својата доминација во перолесната категорија на UFC 325. Тој вечерва ја задржа светската титула со едногласна одлука над бразилскиот предизвикувач Диего Лопес, покажувајќи техничка супериорност и тактичка зрелост во текот на сите пет рунди.

Во спектакуларна атмосфера пред околу 20.000 навивачи во Сиднеј, Волкановски уште еднаш ја демонстрира својата боречка вештина и храброст, дополнително ја зацврстувајќи својата репутација меѓу најголемите шампиони во историјата на Ultimate Fighting Championship.
Оваа победа ја бележи осмата успешна одбрана на титулата во кариерата на Волкановски, што го носи на ниво со легендарниот борец Жозе Алдо во бројот на одбрани во перолесната категорија.
Покрај спортскиот успех, Волкановски остава сил впечаток и со својата лична приказна: син е на татко од селото Беранци, битолско и мајка од Егејска Македонија што ја инспирираше неговата позната боречка идентификација „The Great“, како современа референца на Александар Велики.
Со оваа победа, „The Great“ продолжува да пишува историја во MMA-светот, инспирирајќи фанови ширум светот.





