,,Ако постои реинкарнација, сигурно сум бил од Битола“, Ване Маркоски со емотивна порака за градот под Пелистер

од July 12, 2026 0 коментари

Познатиот телевизиски водител Ване Маркоски преку објава на социјалните мрежи ја изрази својата силна поврзаност со Битола, опишувајќи ја како град што буди посебни чувства и неповторлива енергија.

„Ако постои реинкарнација, јас во претходниот живот сигурно сум бил од Битола. Кога ќе стапнеш на тоа тло, нема ништо лажно, чувствуваш само некоја убава припадност дека ова е тоа, наше“, напиша Маркоски.

Тој додава дека секоја прошетка по Широк Сокак носи чувство на припадност и мистична енергија, нагласувајќи дека Битола е вистински музеј на отворено кој заслужува сите да го чуваме.

„Не знам колку од вас го забележуваат ова во себе, но кога поминуваш низ Широк Сокак, те облеваат некои убави и мистични енергии кои ги чувствуваш моментално. Да си ја чуваме треба сите. Имаме редок музеј на отворено“, стои во неговата објава.

Неговите зборови наидоа на бројни позитивни реакции, особено кај битолчани, кои уште еднаш ја препознаа љубовта што многумина ја чувствуваат кон градот на конзулите.

Babam Bitola

Comments are closed.