Браќата Јанко и Петар Данабаш биле угледни трговци од Битола
кои се занимавале со трговија со житни култури, бензин и петролеј, кои го наследиле бизнисот од својот татко, Михаил Данабаш. Тие биле претставници на фирмата Шел (Shell), чие стовариште се наоѓало во населбата Боримечка, каде што сè уште се познава нивниот натпис.
Името Данабаш во Битола и ден-денес се поврзува со однесувањето на некое момче ако е отмено, богато и се крева на големо, се нагласува дека тоа го прави како да е на Данабаш син. Или пак девојка. Ако отскокнува од средината и стандардите, ќе се рече: ,,Што се замислува, да не е ќерка на Данабаш.”
Повеќе за фамилија Данабаш во „Приказните од Широк сокак ”