Денес среда, 10-ти Јануари 2018 г. Веќе втор ден магла во Битола. Шетајќи во својот двор Лаки виде дека денес Мартина конечно е слободна. “Ав, ав” му рече на Мартина, “Ајде да шетаме некаде подалеку од оваа магла тука во Битола”, на што Мартина одма ремче се согласи. Си ја спремија својата спортска облека, си направија жежок чај во термосот и заминаа Ниже Поле каде ја оставија колата. Пешки нагоре по обележаната патека го исправија патот накај Домот на Големо езеро.
Кај изворот на Муши направија мала пауза каде малку се имаше намалено маглата и почна да се диши чист воздух. “Фала”, и рече Лаки на Мартина, “шо ме изваде денес од смогот и маглата во Битола”. Мартина се насмевна и му намигна.
Продолжија заедно нагоре. Пешачеја по строго обележаните црвено бели точки, покрај кои имаше една до две педи снег. За два и пол сати стигнаа горе.
Се погледнаа назад, Битола не се гледаше. “Битола ја нема”- рече Лаки. “Таму е долу , но сега е како тесто, таква е Битола на зима”-му врати Мартина. “Колку е убо тука”-рече Лаки, “…битолчани не знаат шо пропуштаат. Ех… Ајде уште малку ни остана, да стигниме и да си поиграме кај Домот, кај замрзнатото Големо езеро”…
Таму одморија малку, си поиграа на снегот и ветерот, се напија топло чајче од термосот…
“Доста ми беше, ми се наполнија градите со чист воздух”- му рече Лаки на Мартина. “Ајде да бегаме зошто бргу ќе нѐ фати темница, а долу треба и куќата да си ја вардам. Таман и со сликите на време да му кажам на битолчани, дека ако сум куче мало, само се качив горе на Големо Езеро “… насмеан и полн со задоволство рече Лаки. По истата патека пешки се симнаа долу, сите насмеани и задоволни од убавата прошетка, чистиот воздух и прекрасните глетки.
куче Лаки, Мартина Николовска
Фото Владимир Гаштевски